Во воружениот грабеж на Тутунска украдени 150 илјади евра

При вчерашниот вооружен грабеж на експозитурата на НЛБ Банка во скопската населба Чаир биле украдени 150 илјади евра, соопштиБанката. При грабежот беше повреден вработениот 26 годишен маж како обезбедување, а нападнати но со лесни повреди поминале и двајца вработени во експозитурата и кои биле пуштени на домашно лекување. Во соопштението е наведено дека од утре експозитурата продолжува да работи редовно и дека веќе соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.