Договор меѓу Приштина и Белград е можен уште во текот на оваа година и покрај сериозниот застој во разговорите во последниве неколку месеци, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за лондонскиот весник „Гардијан“. Тој додава дека во дијалогот го вложил сиот политички капитал и дека евентуален неуспех би зналечо штета за целиот регион.
„Мораме да седнеме дури и со нашите најлути непријатели, но без какви и да било предуслови, и да се обидеме да се сослушаме едни со други,“ вели Тачи.
Косовскиот претседател смета дека демаркацијата на границата меѓу Косово и Србија може да се регулира со „сеопфатен договор за меѓусебно признавање“, нагласувајќи при тоа дека е невозможно разграничување по етнички линии.