Клучните разлики меѓу партиите за законот за јавно обвинителство и иднината на СЈО и натаму остануваат, велат од министерството за правда. Оттаму додаваат дека материјалите кои што викендов им пристигнале од работната група на ВМРО-ДПМНЕ не се во согласност со европските препораки за отворање на преговорите.
Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби во изминативе две недели за законот за јавно обвинителство со кој треба да се статусот на Специјалното јавно обвинителство. Дел од медиумите главните разлики меѓу партиите се идниот статус и начинот на кој треба да функционира СЈО, како понатаму да продолжат истражните постапки почнати по 30 јуни 2017 година како и употребата на доказите во нив. За да помине законот во Собранието неопходно е двотретинско мнозинство.