Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на денешната трибина за родова еднаквост „Еднакви“ рече дека како како претседател ќе назначи посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Тој вели дека тоа ќе биде еден неговите први осум проекти најавени за првите осум месеци од мандатот.
„Се заложив за заштита на сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство. Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок“, рече Пендарвоски.