Продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи на СЈО треба да биде обезбедено. Шведската Влада високо ја вреднува работата на Специјалното јавно обвинителство, рекол амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стафансон, на средбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините соработници.
Како што соопштија од Шведската амбасада, Стафансон нагласил дека Шведска и другите земји членки на Европската Унија одблиску ги следат преземените чекори за измените на Законот за јавното обвинителство, со кои СЈО би станало постојан дел на правниот систем на Северна Македонија и во иднината би требало исто така да има проширен мандат за делување со други случаи на корупција на високо ниво.