Британската полиција соопшти дека денеска го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, објавија светските новински агенции.
Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.
Скотланд јард соопшти дека полицајците само го спровеле налогот за апсење на 47-годишниот Асанж.
Од Викиликс синоќа соопштија дека „Асанж бил мета на софистицирани шпионски операции во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живее од 2012-та година“.
„Викиликс откри обемна шпионска операција против Џулијан Асанж во еквадорската амбасада. Неговото исфрлање од амбасадата може да се случи во секој момент“, соопшти синоќа главната и одговорна уредничка на Викиликс, Кристин Храфсон.