Претседателот Ѓорге Иванов не може да даде помилување на осудени за 27 април, бидејќи така би го прекршил Уставот и законот, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
„Постојат две причини поради кои не може да се води постапка за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда. Со оглед дека не постои законска можност за помилување од страна на шефот на државата, постапката се води исклучиво преку Министерството за правда, со оглед дека не постои законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство“, рече Бошњаковски.
Тој потсети дека е избришан членот 11 од Законот за помилување, кој предвидуваше таква постапка од страна на претседателот на државата.
„Со укинувачка одлука на Уставниот суд од 2016 година тој член не е вратен, не е „оживеан“ што би се рекло со судски израз, така што не постои во правниот систем на нашата држава таков инструмент“, рече Бошњаковски.