„Интернет на нештата“ слави 20 години

Илустрација - Интернет на нештата

Денеска се одбележува Светски ден на „Интернет на нештата“ (Internet of Things - ИоТ).

До крајот на оваа година во светот ќе има 26 милијарди уреди поврзани на интернет, говорат новите објавени проценки по повод Денот на „Интернет на нештата“.

Концептот ИоТ го дефинирал британскиот инжинер Кевин Ештон пред точно 20 години. Се заснова на идејата дека пасивните нешта се претвораат во интелигентни и „смарт“ ентитети кои со помош на интернетот ќе разменуват информации. Поедноставното објаснување за ИоТ е поврзување на секојдневните предмети во современото живеење.

ИоТ е всушност еден од носечките елементи на четвртата индустриска револуција.

Според „Форбс“, до крајот на годинава 85 отсто од компаниите ќе функционираат врз основа на ИоТ.