Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а потоа во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон. До ова доаѓа ден пред самитот на Европската унија на кој треба да биде решено за барањето на Британија за ново одложување на Брегзитот. Брисел треба да донесе одлука дали ќе прифати одложување на британското излегување од Европската унија што е предвидено за 12 овој месец.