До Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од Кабинетот на претседателот велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови. Нема информации кој побарал помилување. Инаку за овој случај се осудени 16 луѓе на казни затвор од осум до 18 години.
Премиерот Зоран Заев вели дека не очекува претседателот Ѓорге Иванов да аболира осудени за настаните во Собранието од 27 април, оти како што вели Заев, Иванов немал законска можност. Премиерот Заев одговарајќи денеска на новинарско прашање, рече декасо тоа што Иванов прво даде аболиција, па ја поништи, тоа право не може да го искористи повеќе.
Мандатот на актуелниот претседател на државата завршува на 12 мај.