„Бомбите“ нема да бидат докази за предметите после 30 јуни 2017

Прес конференција на СЈО

Премиерот Зоран Заев вели дека во новата верзија на Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и статусот на СЈО, се прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека се прифатени нивните сугестии за „бомбите“ и дека прислушуваните разговори нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година. Заев вели дека новата верзија на законот е испратена до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој очекува дека денеска да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи.

Заев вели дека „бомбите“ во новите постапки може да послужат исклучиво како индиции, а не и како докази.

Прислушуваните материјали што се докази во случаите кои се веќе во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите после 30 јуни 2017 година тие нема да бидат докази во постапките.