Бугарската граница ќе ја чуваат 3000 војници ако се влоши бегалската криза во Грција

Бугарскиот минитсер за одбрана, Красимир Каракачанов, изјави дека е подготвен да испрати 3.000 војници на границата со Грција во случај да се влоши состојбата со мигрантите. Тој на својот Фејсбук профил објави дека од петокот тој и министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов е во постојан контакст со премиерот на Бугарија.

До ова доажа откако во петокот над илјада мигранти се собраа во бегалскиот камп на границата со Северна Македонија и поради лажна вест на социјалните мрежи дека пак се активира балканската бегалска рута, сакале да продолжат кон Северна Македонија, а оттаму кон западна Европа. Грчката полиција се судри со мигрантите и мораше да употреби солзавец да ги рстера.