Грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис изјави дека стремеж на Грција е да стане главен стратешки партнер на Северна Македонија, а дека и Северна Македонија е расположена да соработува со Грција.
„Мое убедување е дека продлабочувањето на билатералната одбранбена соработка и интеграцијата на Северна Македонија во НАТО, ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебните односи и во зајакнувањето на чувството на стабилност во поширокиот регион на Балканскиот
полуостров, регион познат по неговата нестабилност. Неодамнешното институционализирање на билатералната одбранбена соработка со Северна Македонија со потпишувањето на конкретниот договор им служи на стратешките интереси на Грција во регионот. Нашата намера
е да придонесеме во систематската трансформација на вооружените сили на соседната земја за да се исполнат потребните стандарди и барањата на Алијансата за интероперабилноста и стандардизацијата“, рекол министерот Апосотолакис во интервју за грчкиот весник „Real news“.