Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески денеска ја обвини владата дека не се остварува нејзината најава за зголемување на пензиите.
“Деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се уверија во она од што стравуваа дека ќе има минимално речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува ништо од онаа најава за зголемување на пензиите во Република Македонија”, рече Славески.
Од СДСМ преку соопштение обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ манипулирала а пензиите растеле.
“ВМРО-ДПМНЕ остави дупка во буџетот на ПИОМ а денес манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат Во отсуство на конкретни идеји и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да манипулираат со граѓаните”, наведоа од СДСМ.