Зекири: Џафери сака некого да спаси од СЈО и затоа не свикува седница

Пратеникот Мухамед Зекири во Собранието

Потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зекири, изјави дека претседателот на Собранието Талат Џафери „со терање инает за седницата за СЈО сака да заштити некој од функционерите опфатени во постапките на тоа обвинителство“.

„Како што го спаси Трајко Велјановски да му се одземе имунитетот, сака и некој друг да спаси сега? Не може да си тера инаети и поради некои свои интереси да каже дека нема да свикува седница затоа што министерката Рената Дескоска кажала дека може да има. Талат Џафери треба да се освести што е можно побрзо и да знае да си биде на висина на задачата што ја има“, рече Зекири за ТВ24.