Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека постапките за екстрадиција на припадници на организацијата ФЕТО кои се наоѓаат на територијата на Македонија ги води Министерството за правда.
„Моите информации говорат дека се работи за 15 лица, од кои двајца веќе не се на територијата на нашата држава“ рече министерот Спасовски на новинарско прашање во врска со барањето на министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, да се преземе акција против припадници на организацијата ФЕТО, која официјална Анкара ја смета за тетористичка.
Во земјава, прашањето за структурите кои се сметаат за блиски до Фетула Ѓулен, свештеникот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се отвори пред три години, по неуспешниот обид за пуч во Турција.