Првото телевизиско соочување на претседателските канидидати на телевизија Телма помина во знак на Преспанскиот договор и новото име на државата како ибенефициите и последиците од него. За претседателскиот кандидат на власта Стево Пендароски тоа е реалност која ни ги отвора вратите кон ЕУ и НАТО. Неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова пак изјави дека ќе го употребува новото име Република Северна Македонија, бидејќи тоа сега е дел од Уставот, доколку биде иден претседател, но и дека ќе се обиде да оспори делови од Преспанскиот договор пред Меѓународниот суд.
Пендаровски за ваквиот став оцени дека е ризичен и дека со тоа може да се закочат евроатланските процеси, затоа што и во 2011 добивме кристално јасна пресуда во наша корист но неискористлива во политичка смисла.
За претседателскиот кандидат Блерим Река кој е поддржан од албанските опозициски партии Беса и Алијанса за Албанците,договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина.
Тема на дебата беше и иднината на СЈО како и бегството на Груевски. Пендаровски бараше од неговата соперничка да искаже став за правдата кога станува збор за Груевски на што таа одговори дека гревовите на партијата не се нејзини гревови. Државните ресурси во изборната кампања беа дел од дебатата.
Инаку сите тројца кандидати за претседател на државата вечерва во првата ТВ дебата, се претставија себе како натпартиски кандидати, иако зад нивните кандидатури стојат политички партии, а новинарката која ја водеше дебата им забележа дека на нивните митинзи доминираат лидерите на партиите.