Галуп: Еден од пет Руси би се преселил на Запад, ако може

Еден од пет Руси би ја напуштиле својата земја доколку им се пружи шанса, покажува последната анкета на Галуп. Според истражувањето на оваа организација чие седиште е во Вашингтон, бројот на работоспособно население кое има желба да се отсели од Русија е за три пати поголем од анкетата направена во 2014 година. Анализата покажува дека од 14 проценти во 2014 бројот на млади кои би сакале да мигрираат а се на возраст од 15 до 29 години пораснал на 44 отсто. Анкетираните во своите изјави истакнале дека доколку ја напуштат својата татковина, би се преселиле во некоја од земјите од Европската Унија. 40 отсто од анкетираните би ја одбрале ЕУ особено Германија додека 16 отсто се одлучиле за Северна Америка односноСАД.