Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава, се вели во последното соопштение од Министерството за правда. Во продолжение е наведено дека очајничките обиди и надежите за изнаоѓање на креативни решенија со кои во законот ќе се смести скриена амнестија, нема да бидат прифатени, залудно е секое инсистирање на неказнивост и скриена амнестија.
„Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта, “ се вели во соопштението.
Оваа реакција доаѓа по обвинувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој ја обвини министерката Рената Дескоска за кочничар на преговорите за СЈО.