Групно готвење за 4-от роденден на #ретвитниоброк

„РетвитниОброк“

Иницијативата „Ретвитни оброк“ прославува четири години од првото приготвување храна за социјално загрозените и бездомни граѓани во Скопје.

Тие одлучија роденденот да го прослават со групно готвење и пакување на оброците во сабота во „Котур“ од 11 часот.

„Секој од вас е добредојден да дојде и да помогне, а може и да се трампаме. Како? Вие ни носите намирници или зготвен оброк, ние ви даваме маичка со логото на „Ретвитни оброк“, стои во најавата за настанот.