Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан вчера се обрати пред европските пратеници во комисијата за надворешни работи, при што посочи дека Европската Комисија најверојатно ќе препорача преговори за Северна Македонија и Албанија на 29-ти мај, но ги уверуваше и скептиците дека овој процес е постепен и дека преговорите не би започнале веднаш, јави МИА од Брисел.
Комесарот уште еднаш повтори дека започнувањето преговори со Северна Македонија, која не само што испорача реформи, туку е и единствената земја во регионот која нема ниту еден отворен спор со соседите, како што рече, е прашање на кредибилитет за Европската Унија.
"Во мај ќе ги презентираме извештаите за напредокот за земјите и очекуваме дека врз основа на тоа што ќе го констатираме ќе дадеме препорака за Северна Македонија и Албанија, дека тие треба да влезат во подготвителната фаза на преговорите, посебно после позитивниот развој во Северна Македонија", рече Хан пред европратениците.
Тој потсети дека лани веќе огромното мнозинство земји членки имаа позитивен став за преговорите со земјата, но дека со оглед на тоа дека Преспанскиот договор е сега усвоен и се имплементира „треба да се премине на следната
фаза“.
Таа следна фаза, меѓутоа, не значи и веднаш отворање на поглавјата, со оглед дека процесот е расцепкан уште од пристапните преговори со Хрватска.