Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки загинаа во авионската несреќа што вчера се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми „Авионот Цесна за кој во 16:16 часот беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Загинатите лица се родени 2000, 2005, 1970 и 1972 година. Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина, а потрагата продолжува денеска.