Авион се урна кај Солунска Глава, загинаа сите четворица патници

Илустрација

Малиот авион од типот Цесна П210Н се урнал кај Солунска Глава, при што загинале сите четворица патници, кои се бугарски државјани, јави МИА. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство соопштиле дека остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР.

Директорот и претседател на УО на М-НАВ, Николче Тасески претходно изјави дека воздухопловот попладнево е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава.

„Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија“, рече Тасески.

Според него, пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции. По пронаоѓањето на остатоците од авионот сите активности ги презема Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.