Мал авион исчезнал од радарот кај Солунска Глава

Илустрација

Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Солунска Глава.

Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената Цесна, потврдил за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.

Според него, поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за главниот град на Бугарија. Тој додава дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.