Општина Охрид соопшти дека од дневен ред на седницата закажана за утре се повлекуваат сите точки поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти на локации долж крајбрежјето на Охридското Езеро.
Во соопштението е наведено дека актуелниот состав на Советот на општината досега има донесено 276 одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти, со објаснување дека сите се донесени едногласно.
Активистите од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ минатата недела реагираа дека општинските институции, пред се Советот на општината, на затсктскриен начин вршат легализација на непостоечки објекти на одреден број атрактивни катастарски парцели на брегот на езерото.