Адвокатката и активистка за заштита на животната средина, Зузана Чапутова победи на претседателските избори во Словачка.
Според прелиминарните податоци, во вториот круг таа ја добила поддршката од 58 отсто од граѓаните, соопшти Словачкиот статистички институт. Чапутова ќе биде првата жена на највисоката функција во земјата.
Вториот кандидат, заменик шефот на Европската комисија, Марош Шефчевич добил 41 отсто од гласовите.
Чапутова ќе стапи на должноста на 15 јуни и ќе биде петти претседател на земјата, од прогласувањето на независноста во 1993 година. Според прелиминарните податици, на изборите излегле 40,33 отсто од избирачите.