Ноќеска почнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето.

Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 2 часот со поместување за еден час нанапред, односно времето во 2 часот се смета како 3 часот. Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Донесувањето на оваа одлука, како што се наведува во соопштението, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори
не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.