Одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се подготвува да поднесе барање за повторно судење поради нови докази на крајот на оваа или почетокот на 2020 година. Тоа го соопшти еден од адвокатите на Караџиќ, Горан Петронијевиќ.
Тој рече дека одбраната поседува „сериозен пакет на документи, добиени од обвинителите во време кога веќе било доцна да се искористат во процесот” и додаде дека „95 отсто од сите докази биле кај обвинителите”.
Судот во Хаг го осуди Караџиќ на 40 години затвор, пред се поради масакрот во Сребреница, а на жалбата на одбраната, на 20 март оваа година пресудата беше преиначена во доживотен затвор.