Во последниот извештај на Стејт департментот, Албанија се посочува како извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин.
Во извештајот за 2018 година, стои дека шверцот на канабис, како и тешките дроги, главно ги командуваат елементи на организираниот криминал, кои ги шверцуваат од земјите на потекло на европските пазари.
Количеството заплената дрога и апсењата поврзани со дрога во 2018 година, се наведува во извештајот, во голема мерка биле поттикнати од соработката на агенциите за спроведување на законот со меѓународните партнери, зголемениот меѓународен притисок и напорите на Албанија за влез во Европската унија.
Во документот, исто така, се наведува дека корупцијата на сите нивоа на власта ја ограничува севкупната ефикасност во борбата против наркотиците.