Врховниот суд му го укина куќниот притвор на обвинетиот Сашо Мијалков за случајот Империја на СЈО. Во соопштението од Судот се наведува дека му ја уважила жалбата на обвинетиот за решението на Апелациониот суд за мерка куќен притвор и тој се пушта да се брани од слобода. Судот го донел решението врз основа на мислењето дека СЈО нема право да бара притвор, зошто истрагата за овој случај е покрената по јуни 2017. Во соопштението од Судот се наведува дека СЈО нема својство на овластен тужител во оваа постапка.
Со истото образложени Врховниот суд претходно ги ослободи од куќен притвор и останатите осомничени во Империја, Орце Камчев, ЦветанПанделевски и Ненад Јосифовиќ.
На Мијалков му останува притворот за случајот „Титаник 2“. Апелациониот суд вчера му го укина затворскиот притвор и му го замени со куќен.