Топ 20 градови со најниско ниво на стрес

Англиската компанија „Зипџет“ објави листа на градови со најниско ниво на стрес. Изборот е направен според повеќе параметри - износот на плата, стапката на невработеност, сообраќајните услови, нивото на менталното здравје, количината на зелени површини, зачестеноста на грабежи и убиства и бројот на сончеви часови во текот на годината.

Прв на листата е германскиот Штутгарт, а во првите пет се уште три германски градови. На листата доминираат европските градови.

1. Штутгарт, Германија

2. Луксембург, Луксембург

3. Хановер, Германија

4. Берн, Швајцарија

5. Минхен, Германија

6. Бордо, Франција

7. Единбург, Обединето Кралство

8. Сиднеј, Австралија

9. Хамбург, Германија

10. Грац, Австрија

11. Цирих, Швајцарија

12. Сиетл, САД

13. Велингтон, Нов Зеланд

14. Ница, Франција

15. Дрезден, Германија

16. Осло, Норвешка

17. Окленд, Нов Зеланд

18. Хелсинки, Финска

19. Абу Даби, ОАЕ

20. Мелбурн, Австралија