Ципрас во Скопје ќе дојде со 70 бизнисмени

Алексис Ципрас

Заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за време на посетата на Скопје, веројатно на 2 април, во Скопје ќе дојдат и претставници на над 70 големи и средни компании, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија Ентерпрајс Грција, а компании од енергетскиот сектор, градежништво, индустриски производи, храна и пијалоци и висока технологија, според информациите на АНА-МПА, веќе изразиле
интерес за учество и оцениле дека постои простор за инвестиции во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.