Пакистанските власти го отфрлаат досието на индиските власти за смртоносниот напад во Кашмир, минатиот месец, што ги доведе соседите до раб на војна. Властите во Исламабад велат дека се неосновани обвиненијата дека во настанот биле вклучени милитанти со седиште во Пакистан.
Индија тврди дека Исламабад имал свој удел во самоубиствениот бомбашки напад во февруари во кој беа убиени 40 паравоени лица.
Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска објави дека индиските власти им доставиле листа од 90 осомничени дека се дел од забранети организации со милитантни врски и 22 локации на кои наводно имало кампови за обука на милитанти.
Од Министерството соопштиј дека 54 луѓе се уапсени за време на акцијата против милитантни групи на нивна територија, но дека досега не се пронајдени докази дека тие се поврзани со нападот. Исто така ги разгледале и локациите посочени од индиска страна, но дека не постојат кампови за тренирање милитанти. Тензиите меѓу двете соседни земји избија по самоубиствениот бомбашки напад на 14 февруари.