Општина Центар на денешната вонредна седница донесе нова одлука за мораториум по неговото укинување од страна на Уставниот суд. Според одлуката, Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје нема да се применуваат.
Општината нема да издава дозволи за градба додека дуповите кои се ревидираат не бидат усогласени со генералниот план. Одлуката беше изгласана со 16 гласови „за“ а советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.