Времето променливо со слаби врнежи и силен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со брзина до 70 км/час, што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Дневната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.