Фејсбук отстрани над 2000 профили, меѓу нив и од Македонија

Компанијата Фејсбук соопшти дека избришале повеќе профили од Русија, Иран, Македонија и Косово, поради „координирано неавтентично однесување“.

Биле отстранети вкупно 2,632 страници, групи и сметки од Фејсбук и Инстаграм, објави денеска компанијата. Од вкупниот број 1.907 профили биле поврзани со Русија, 513 биле врзани за Иран, а вкупно 212 лица потекнуваат од Македонија и од Косово. Македонија и Косово се во иста група во анализата и во тој дел се наведува дека лица правеле лажни профили за да администрираат со страници кои споделувале содржини за астрологија, славни личности, совети за убавина.

Руските профили во голема мера се отстранети оти објавувале содржини поврзани со украински вести и политика, вклучително и тековниот конфликт во источниот дел на Украина.