Изгаснати пожарите во кичевско

Пожар, илустрација.

Кичевските пожарникари, по обидите во изминатите две деноноќија ги изгаснале сите пожари кои се појавиле на неколку локации во регионот. Од утрото нема активен пожар на територијата на општината, изјави Емин Насуфи од Општина Кичево.

Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено стрништа , бидејќи последиците, како што велат, се огромни.