Британската премиерка Тереза Меј го достави до Парламентот во Лондон барањето за одлагање на датумот за Брегзит. Владата денеска предложи инструмент со кој се одлага датумот за Брегзит. Ако парламентот не го усвои овој инструмент, ќе се создаде правна несигурност, но тоа нема да го промени датумот за истапување од ЕУ со која се согласи меѓународната заедница, изјави Меј при обраќањето пред пратениците на долниот дом на парламентот во Вестминстер.
На прашањето дали таа ќе ги води следните преговори за Брегзит, таа одговори дека си ја работи нејзината работа.
„Јас отсекогаш јасно сум говорела дека има работа што треба да се заврши и јас продолжувам да ја вршам таа работа, изјави Меј во парламентот.
Дел од про-Брегзит пратениците во Собранието побарале Меј да се повлече од функцијата како услов за нивната поддршка.
Таа нагласи дека евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор ќе и нанесе „суштински удар“ на земјата, а обидите да се направат измени во постигнатиот Договор за Брегзит не претставуваат излез од сегашната состојба.