Не се вистинити информациите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција,компанија со име „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ нема добиено лиценца од Министерството за здравство, така што информацијата објавена од опозицијата е целосна невистина, стои во реакцијата на министерството за здравство после пресот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Арсовски обвини дека бизнисот со марихуана повторно, се поврзува со премиерот Зоран Заев преку неговиот адвокат Ване Андреев кој како косопственик во фирма добил лиценца за одгледување канабис.
Во Министерството нема ниту поднесено барање од „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за почнување на постапка за добивање на лиценца, се вели во соопштението.
Претходно со реакција се огласи и СДСМ, со тврдење дека компанијата нема никаква врска со премиерот Заев и обвини дека опозицијата лаже.