ВМРО-ДПМНЕ: Врти- сучи, бизнисот со канабис се поврзува со Заев

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев за конфликт на интереси за лиценца за одгледување на канабис. Тие велат дека бизнисот со марихуана врти-сучи, повторно, се поврзува со премиерот Заев. Портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека фирма во која како косопственик е лице со исто име и презиме како адвокатот на Зоран Заев, добила лиценца за одгледување на канабис односно марихуана.

„Оттука е крајно сомнително и скандалозно како може Владата кај што е премиер Заев да даде лиценца за вносен бизнис на фирма кај што лицето Ване Андреев, со идентитет како адвокат на Зоран Заев фигурира. Дали ова лице Ване Андреев е адвокатот на Заев кој сега ќе произведува марихуана и ќе заработува милиони? Дали Заев и во овој случај не гледа никаков судир на интереси како во случајот кога во бизнисот со марихуана влезе и семејната фирма на неговиот братучед Трајче Заев?, изјави Арсовски.

Тој бара од Обвинителството да отворат постапка за овој случај.