Решението за СЈО се бара во два правци

Обвинители на СЈО

За Законот за Специјалното јавно обвинителство треба да се работи паралелно во два правци, и да се обидеме да постигнеме консензус со опозицијата и да разговараме со пратениците, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој порача до сите партии да не се откажуваат од барањето консензус до последен момент. Но, како што вели, паралелно треба да се видат и други начини за комуникација со пратениците.

Работните групи на власта и опозицијата досега не успеаја да се усогласат околу Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО.