Владата ќе обезбеди соодветен третман и целосна логистичка поддршка за успешно организирање на посетата на земјата од страна на папата Франциск, рече денеска видепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Тој, на средба со скопскиот бискуп Киро Стојанов, разговарал за организација на посетата на папата. Османи изјави дека е задоволство што папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза.
„Оваа посета, покрај значењето за претставниците на римокатоличката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета“, рече Османи.