По вицепремиерот Бујар Османи, денеска и неговиот партиски лидер Али Ахмети ја повика опозицијата да не се повлекува од преговорите за Специјалното јавно обвинителство.
Според него, разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО треба да продолжат, опозицијата да не се повлекува од дијалогот и да се постигне согласност за доброто на државата.