На денешниот протестен марш во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС), а по повод 20-годишнината од интервенцијата на НАТО врз поранешна СРЈ, осудениот за воени злосторства Воијислав Шешељ ги запалил знамиња на ЕУ и НАТО, објавија српските медиуми и светските новински агенции.
Маршот, кој започна од улицата „Кнез Михајлова“ и заврши пред Претседателската палата, го предводеше лидерот на СРС, Шешељ кој изјави дека „со палењето на знамињата сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО“.