Големиот пожар кој синоќа беснееше кај Манастирец во општина Росоман е изгасна, информираа од Територијалната противпожарна единица.
„Ноќеска пред полноќ имавме состанок организиран од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. По десет часовна интервенција, бидејќи пожарот избувна околу 13 часот, се одлучи дежурен тим да остане на лице место во текот на ноќта. Утринава со дополнителни 15 работници од Комуналец, со три теренски возила, десет работници од „Македонски шуми“ со исто толку возила и шест пожарникари со две возила, се вративме на лице место. Со мала интервенција, ги победивме пламените јазици“, изјавил за МИА, Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица.
Според него, направен е претрес на целиот терен и нема никаква опасност.