Македонија е секуларна држава и не прифаќаме никакви уцени, одговори денеска мини министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по ултиматум на Исламската верска заедници која ѝ даде на владата рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на вакувскиот имот.
„Ова писмо од ИВЗ е уцена. Ние порачуваме дека не гледаме поинаков начин за решавање на проблемите освен разговарање и работа како разумни луѓе“, изјави Спасовски.
Од ИВЗ рекоа дека ако во дадениот рок Владата не го реши нивното барање, ИВЗ пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700 џамии дека се води, како што рекоа, бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на Исламската верска заедница“.