Оперативно-техничката агенција иако е нова институција, солидно се оформува, работи согласно законските надлежности и ги почитува сите пропишани процедури. Ова е наведено во Извештајот за работата на оваа Агенција, која е посредник во следењето на комуникациите, а кој денеска беше усвоен во собраниската Комисија за надзор на мерките за следење на комуникациите.
Надзорот и она што е содржано во извештајот се однесува на нормативниот дел од работата на ОТА, бидејќи во контрола на работата заминаа само пратениците, а надлежната Комисија се уште нема ИТ-експерти, кои треба да го контролираат техничкиот аспект. На јавниот
оглас, објавен минатиот месец се пријавија седуммина апликати, но двајцата кои ќе работат во Комисијата ќе бидат избрани по претседателските избори.
Извештајот денеска на седницата на Комисијата беше усвоен со три гласа „за“, додека двајца пратеници на СДСМ и ДУИ беа воздржани. Нагласија дека се воздржани поради тоа што не присуствувале во надзорот и побараа во иднина контролите да се закажуваат во денови
кога нема пленарни седници.