Забелешките за СЈО - издржани или го одолговлекуваат процесот?

Прес на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда испрати издржани забелешки за недостатоци на предлог текстот за законот за јавно обвинителство, изјави портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој вели новиот закон мора да биде донесен со консензус, да биде реформски и да претставува основа за градење на правна држава.

„Министерството за правда имаше долго време за изработка на квалитетно законско предлог решение кое го потроши залудно. Ако власта и министерството сметаат дека консензус значи земи или остави во пет минути, тогаш имаат погрешна перцепција за тоа како функционира демократијата и како треба да функционира правниот систем“, рече Стоилковски.

Од Министерството за правда пак велат дека наместо конкретни амандмани и предлози за нацрт текстот од ВМРО-ДПМНЕ добиле документ во кои кој има забелешки кои не се однесуваат ја Јавното обвинителство или пак се веќе имплементирани во истиот закон. Во соопштението на Министерството се вели дека ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на аргументи одбрале есеистички пристап со цел да го одолговлечат донесувањето на законот за јавно обвинителство.

„Со досегашниот несериозен однос во процесот на носење на законот за Јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна цел од европската иднина на нашите граѓани“, соопштуваат Министерството за правда.

Попладнево продолжуваат со работа работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои се обидуваат да ги надминат разликите за СЈО