Ердоган - Човештвото треба да се бори против омразата кон исламот

Ердоган за време на говорот на состанокот на Организацијата за исламска соработка.

Како што се одвиваше борбата против антисемитизмот после катастрофалниот холокауст, човештвото треба со истата одлучност да се бори против омразата кон исламот која е во пораст, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на отворањето на водечката панисламска организација во Истанбул.

Состанокот е на Организацијата за исламска соработка е организиран по нападот на две џамии во Нов Зеланд, во кој десничарски екстремист уби најмалку 50 муслимански верници.

Ердоган остро го осуди нападот, оценувајќи дека исламофобијата е во пораст во западните земји и ги обвини медиумите дека поттикнуваат омраза кон исламот.