Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.

Министерот за надврешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за грчко радио изјави дека посетата на Скопје грчкиот премиер Алексис Ципрас се планира за првата седмица од април, без притоа да го потврди датумот.

Тој зборуваше и за реакциите за Договорот од Преспа во северниот дел на Грција, истакнувајќи дека постои „емоционална реакција“, но дека сите ќе ги сфатат придобивките од решението со текот на врмето, особено економските.